Повеќе од 25 МИЛИОНИ ЛУЃЕ во светот се излечиле од коронавирусот

од Vladimir Zorba

Повеќе од 25 милиони луѓе се опоравиле од ефектите на коронавирусот во светот, покажуваат податоците на страницата „Worldometers“.

Според веб-страницата, од почетокот на пандемијата излечени се 25.037.907 лица.

Во светот, повеќе од 33,7 милиони луѓе биле заразени, а 1.010.100 починале.

Во моментов, има повеќе од 7,7 милиони активни случаи во светот, од кои 65.477 лица се во сериозна или критична состојба.

Во САД сè уште има најголем број на заразени лица, каде повеќе од 7,3 милиони луѓе се заразиле со вирусот, додека 210.492 луѓе починале.

Следи Индија со повеќе од 6,2 милиони заразени, Бразил со над 4,7 милиони заразени и Русија со повеќе од 1,1 милиони заразени.

Другите земји имаат помалку од еден милион случаи на коронавирус.

Слични содржини