Повеќе од 3.3 милиони го посетија Октоберфест

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Најпознатиот фестивал на пивото “Октоберфест” во светот, кој беше отворен на 22 септември во Минхен, веќе го посетија околу 3,3 милиони луѓе, објави ТАСС. За споредба, во средината на фестивалот во 2017 година, посетителите беа околу 3 милиони.

Приливот оваа година се должи на добрите временски услови за целата Баварија. Жителите и гостите на Минхен веќе изеле 70 килограми говедско месо. Фестивалот ќе трае до 7-ми октомври.