Повеќе од 3000 Швеѓани лажно позитивни на Ковид-19 поради неточни тестови од Кина

од Nikola Popovski
129 прегледи

Околу 3.700 луѓе во Шведска добиле неточен резултат дека биле позитивни на коронавирус поради грешка во опремата за тестирање за Ковид-19, која пристигнала од Кина.

Ова го соопшти вчера Агенцијата за јавно здравје на таа земја.

Според агенцијата, опремата на компанијата „BGI Genomics“ не можела да ја забележи разликата помеѓу многу ниското ниво на зараза со коронавирус и негативниот резултат, пренесува Ројтерс.

„Снабдувачот мора да ги прилагоди перформансите потребни за користење на овој тест“, изјавила Карин Тегмарк Висел, шефицата на Одделот за микробиологија на агенцијата.

Таа додала дека истата опрема за тестирање била извезена во други земји, но не дала повеќе детали околу тоа.

Шведска соопшти дека погрешните резултати имаат мал ефект врз статистиката за бројот на коронавирус во земјата.

Агенцијата вчера објави дека, од појавата на пандемијата, потврдени се 86.891 случаи на коронавирус, додека 5.814 лица починале.

Слични содржини