Повеќе од 460 куќи уништени по ерупцијата на Ла Палма, штетата изнесува околу 400 милиони евра

од Vladimir Zorba

Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров Ла Палма, која уништи повеќе од 460 куќи, продолжи, а бројни спасувачки служби се уште се на терен и го следат продолжувањето на вулканските активности.

Аеродромот повторно се отвори во неделата, а властите им дозволија на некои од евакуираните лица да соберат предмети од своите домови.

Според податоците на системот за набљудување на Земјата на Европската вселенска агенција Коперник, лавата изгоре 462 куќи на површина од 212 хектари за седум дена, како и повеќе од 40 магацини, објекти и области што се користат за сточарски и земјоделски работи.

Речиси 6.000 луѓе беа евакуирани од своите домови во Ла Палма, и беа привремено сместени во хотели, спортски сали, гаражи и неоштетени или помалку оштетени куќи на други жители на островот.

Вулканот еруптираше на 19 септември на Канарскиот остров Ла Палма, каде живеат околу 80.000 луѓе. Според првичните проценки, штетата изнесува околу 400 милиони евра.

Научниците проценуваат дека ерупцијата може да трае и до три месеци.

Последната слична вулканска ерупција во Шпанија се случи во 1971 година, на истиот остров, а тогаш еруптираше вулканот Тенегла.

Слични содржини