Повеќе од 535.000 нови инфекции ширум светот

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Во последните 24 часа, во светот се пријавени повеќе од 535.000 нови случаи на коронавирус, а речиси 10.000 луѓе починале, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Дневниот извештај на СЗО наведува дека во изминатиот ден се регистрирани 535.860 нови инфекции и 9.868 смртни случаи, пренесува Тасс.

Регистрирани се 233.900 нови случаи во Европа.

Следат Северна и Јужна Америка со 195.970 и Југоисточна Азија со 49.211 новозаболени.

Соединетите држави сè уште имаат најмногу случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, со повеќе од 29 милиони, следени од Бразил и Индија со повеќе од 11 милиони.

Слични содржини