397
Италијанскиот печат пишува за случајот со пациент од болницата „Сан Мартино“ во Џенова, кој бил позитивен на корона во текот на сите осум месеци на пандемија и кој неодамна починал.
Според примариусот на болницата, д-р Матео Басети, ова е единствениот случај во светот засега.
Пациентот имал и други болести, а неговиот имунолошки систем бил ослабен. Толку долг период на инфекција со вирусот корона, односно 250 дена, сè уште не е забележан во светот.
– Овој случај ни покажува колку сè уште не знаеме за Ковид-19, изјави д-р Басети за агенцијата „Анса“.
Анса известува дека во последните 24 часа во Италија, 659 лица починале од коронавирус, додека биле регистрирани 11.200 новозаразени.