Повеќе умираат мажи отколку жени од Ковид 19 во земајва

од Берта Китинска
215 прегледи

Бројот на новодијагностицирани со коронавирусот во државава бележи намалување. Вчера беа регистрирани 87 нови случаи, завчера 127, а ден претходно 111 случаи.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

Најголем број дијагностицирани 1.373 има во Скопје, додека бројот на активни случаи изнесува 760, потоа следат Куманово со 568 дијагностицирани и 150 активни случаи, Тетово со 301 дијагностицирани и 135 активни случаи, Штип со 223 дијагностицирани и 185 активни случаи, Прилеп со 218 дијагностицирани и 25 активни случаи…

Заклучно со податоците активни случаи во Скопје и околината има во: Чаир-192, Бутел-68, Центар-66, Гази Баба-63, Аеродром-61, Карпош-57, Сарај-55, Кисела Вода-37, Ѓорче Петров-23, Арачиново-23, Шуто Оризари-21, Студеничани-20, Илинден-18, Петровец-6, Чучер Сандево-3, Сопиште-2 и Странец-2.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 638 (20,2%) со инциденца од 166,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 220,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (612 заболени). Најниска инциденца од 74,3 и 68,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 170 односно 172 случаи

Според податоците на Институтот за јавно здравје заклучно со понеделник регистрирани се 156 смртни случаи (Лт = 4,9%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=102) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 26,6/100.000 жители. Регистрирани се 106 смртни случаи кај лица од машки и 50 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 119 (76,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=85), дијабет (n=32) и белодробна болест (n=30). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (5,8%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 94,2% починале за време на хоспитализација.

 

Слични содржини