
Клучен во овој случај е витаминот К.
Ако сакаме нашето срце да биде здраво, треба да размислиме да вклучиме повеќе зелен зеленчук во нашата исхрана. Една неодамнешна студија покажа дека витаминот K, кој се наоѓа во зеленчук како зелка, брокула, спанаќ, магдонос, ја одржува големината на левата срцева комора, која е одговорна за истекот на збогатена крв со кислород.
Претходните истражувања покажуваат дека големите срца не ја притискаат крвта ефикасно како што треба, што може да доведе до фатални последици.
Колку повеќе има витамин К, толку е помала веројатноста овие луѓе да развијат зголемено срце, покажа студијата.
Витаминот К може да го активира протеин кој е вклучен во одржувањето на големината на срцето. Во студијата се вклучени околу 766 здрави тинејџери на возраст меѓу 14 и 18 години.
Специјалисти ја следат активноста и исхраната на учесниците во период од 7 дена. Структурата и функцијата на нивните срца се испитува со ултразвучно скенирање.
Од резултатите станува јасно дека потрошувачката на недоволно количество витамин K значително ја зголемува големината на левата срцева комора.
Со други зборови, колку се поголеми количествата од овој витамин во организмот, толку поголема е веројатноста да имаме здраво срце велат податоците објавени во списанието The Journal of Nutrition.