Конгресмените за поддршка на ваквата иницијатива се веќе 118.

Салуд Карбаџал, портпарол за Импичмен го опиша однесувањето на претседателот како криминално и повика на смена на Трамп.

  Потребно е едноставно мнозинство од 218 гласови во Претставничкиот дом, а демократите имаат 235 места.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси смета дека е политички ризично и инсистира да ги чека резултатите од истрагите за работата на претседателот, кои продолжуваат во неколку конгресни комитети.

Пелоси смета дека се потребни убедливи докази за нелегалните активности на Трамп за да се убеди јавното мислење за потребата од импичмент. 

Досега, повеќето Американци не ја прифаќаат оваа идеја.