Професорот по социјална психологија на Универзитетот Нортвестерн во САД, Ели Финкел ги истражувал модерните врски и заклучил дека повеќето денешни бракови пропаѓаат поради преголемите очекувања.

„Главната промена која се случу во однос на минатиот век е тоа што луѓето во брак влегуваат со очекувања дека партнерот ќе им помогне да станат подобра верзија од себеси, а тоа најчесто никогаш не се случува“, напиша Финкел во својата книга „The All Or Nothing Marriage: How the Best Marriages Work“ „Брак на се или ништо: Како функционираат најдобрите бракови“.
Истакна дека неопходно е да се имаат реалистични очекувања од партнерот за да се има среќен брак, но да се среќни сами со себе.
„Добро размислете за тоа што очекувате од врската и обидете се да сфатите дали тие очекувања се реални и навистина остварливи. Разговарајте за се и барајте компромиси. Сетете се и дека вашиот партнер исто така има сопствени очекувања и од бракот и од вас“, вели тој.
Нагласува и дека не треба да барате некој кој ве надополнува затоа што во вистинскиот живот такви работи не се случуваат.