Ако редовно забележувате промени на вашето лице како нови мозолчиња или дамки на сува кожа, голема е веројатноста дека вашата исхрана е основата на проблемот.
„Нашата исхрана апсолутно влијае на нашата кожа. Кожата е орган, исто како срцето или црниот дроб, и таа е изградена и одржувана од хранливи материи од храната“, вели д-р Лорен Плох, дерматолог.
На пример, протеинот се користи за производство на колаген, кој ја полни и ја одржува кожата еластична и помага во заздравувањето на раните, а антиоксидансите како витамините Ц и Е ја штитат кожата од загадениот воздух и сонцето, додава таа.
Повеќе месо = повеќе брчки
Влијанието на исхраната врз состојбата на кожата е потврдено со бројни студии. На пример, докажано е дека жените кои јаделе повеќе овошје, зеленчук, риба и јадења богата со влакна имаат помалку брчки од оние кои консумирале повеќе месо и грицки.
Исто така, докажано е дека жените кои следеле медитеранска исхрана имаат значително помал ризик од развој на рак на кожата од оние кои не го следат. Авторите претпоставуваа дека антиоксидантните и антиинфламаторните ефекти на исхраната би можеле да играат клучна улога во ова.
А некои помали студии прикажаа интересни докази, како што е откритието дека консумирањето на околу три лажици дневно концентрат од домати, кој е богат со антиоксиданс наречен ликопен, ја штити кожата од оштетување на сонцето.
„Исто така, постојат некои докази дека други хербални супстанции, како што се оние кои се наоѓаат во разнобојното овошје и зеленчук, чајот, темното чоколадо и одредени билки и зачини како каранфилче, цимет и нане, може да обезбедат слична заштита, иако нивното консумирање не го заменува користењето на креми за сончање“, вели д-р Рајани Ката.
Дали исхраната може да помогне во лекувањето на одредени кожни заболувања?
„Неколку помали испитувања, главно кај адолесценти и помлади мажи, покажаа дека намалувањето на внесот на шеќер и скроб, како што се газирани пијалаци, слатки, бел леб и тестенини, помага при акните“, истакна д-р Мери Чанг, додавајќи дека некои извештаи сугерираат дека консумацијата на млечни производи или протеинот од сурутка го зголемува бројот на акни.
Исто така, докажано е како медитеранската исхрана може да им користи на оние со псоријаза, состојба која предизвикува дебели, суви и чешачки дамки на кожата.
Совети за исхрана за здрава кожа
Лекарите посочуваат дека основната препорака за здрава кожа е токму медитеранската исхрана која обезбедува корисни хранливи материи како антиоксиданси.
Од друга страна, на лицата со акни лекарите им советуваат да го намалат внесот на млечни производи, храна богата со шеќер и рафинирани јаглехидрати најмалку четири до шест недели за да ги видат првите подобрувања.
„Но, ако забележите дека одредена храна редовно ги влошува вашите симптоми, избегнувајте ја“, забележува д-р Дракер и заклучува:
„Генерално, сепак, бидете свесни дека елиминирањето на премногу храна или групи на храна може да има несакани последици. На пример, ако ги исфрлите млечните производи, може да изгубите калциум и витамин Д, затоа погрижете се вашата исхрана да биде избалансирана со разновидна храна за да ги задоволи вашите потреби за хранливи материи.’