210
Најмалку 25.000 украински војници веќе завршиле обука или се уште се обучуваат во земјите-членки на ЕУ, јави германската новинска агенција ДПА.
Во извештајот се наведува дека сегашниот план овозможува обука на 30.000 украински војници во земјите на Европската унија и дека оваа цел наскоро ќе биде исполнета, пренесе ТАСС.
„Во блиска иднина треба да се постават нови квантитативни и квалитативни цели за обука“, наведува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во документот подготвен за денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Унијата.