Повеќе од 30 луѓе сакаат да се кандидираат против Путин на изборите: „Кампањата ќе биде конкурентна“

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Повеќе од 30 луѓе се заинтересирани да се кандидираат за претседателските избори во Русија, изјави претседателот на Централната изборна комисија за државната новинска агенција ТАСС.

„Секако дека кампањата ќе биде конкурентна, бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Во секој случај, сега веќе има повеќе од 30 луѓе кои сакаат да станат кандидати“, изјавила Ела Памфилова.

Поранешната телевизиска новинарка Екатарина Дунцова беше спречена да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин на изборите следниот март поради „грешки“ во барањето за кандидатура, објави нејзиниот изборен штаб пред три дена на комуникациската платформа Телеграм.

Одлуката е донесена само три дена откако 40-годишната Дунцова поднела барање до изборната комисија да се пријави како кандидат. Таа имала намера да се кандидира со програма која вклучувала ставање крај на војната во Украина и ослободување политички затвореници.

Критичарите сметаат дека изборите се лажни процес со само еден можен исход. Кремљ тврди дека Путин ќе победи бидејќи ужива искрена поддршка во целото општество, која според анкетите е околу 80 отсто.

Слични содржини