Повеќе од 21.000 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

од Stefanija Kuzmanovska
98 прегледи

Над 21.000 загинати и најмалку 78.124 повредени е новиот биланс на жртви од разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија, соопштија денеска локалните власти, а пренесува Си-Ен-Ен.

Спасувачите водат битка со времето за да ги извлечат преживеаните од урнатините, а дополнителна опасност претставуваат ниските зимски температури.

Властите соопштија дека околу 6.500 згради се урнале во Турција, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, кој погоди околу 13 милиони луѓе.

Слични содржини