Денеска со почеток во 12 пред владата во Косово, се најавува протест за ослободување на затворените по акцијата во Куманово, организиран од страна на семејствата на притворените и убиениите во Куманово, пишуваат косовските медиуми.НЕ се знае дали ќе има одѕив, со оглед на позицијата на косовската влада и преземените истражни мерки од Приштина.
Барањата се косовските институции што побрзо да преземат конкретни дејства за заштита на уапсените граѓани. Протестот, како што наведуваат приштинските медиуми, ќе се одржи бидејќи во Kуманово се водела борба за правда и достоинство на Албанците.
– Итно бараме косовската влада да преземе конкретни дејства во идентификување и донесување на телата на загинатите за слобода и правда на Албанците во Македонија – наведуваат демонстрантите, кои додаваат дека протестираат во знак на револт кон институциите, кои повеќе од една недела се индиферентни кон своите граѓани, кои, како што наведуваат, се малтретирани во Македонија.
Организацијата на ветерани на војната на Ослободителната војска на Косово, го поддржа протестот организиран од страна на семејството на поранешните борци на ОВК, кој учествувале во борбите во Куманово.
Овој протест е организиран, бидејќи семејството на борци, кои беа објавени имињата на листата на загинатите немаат официјални информации, како и поради малтретирањето на оние борци кои се во македонските затвори.
Скендер Красниќи, чиј син е во затвор во Скопје, Мухамет Красниќи, познат како командант Малишева, бара државна помош.
– Затворениците се малтретирани и се држани во нехумани услови – вели Скендер Красниќи.
Сепак, Косовското Јавно обвинителство сопшти дека почнало истрага против лицата уапсени во вооружената престрелка во Куманово, под сомнеж дека планирале напади и на територијата на Косово, објави онлајн изданието на приштинскиот весник „Експрес“.
Во соопштението на Обвинителството се наведува дека истрагата почнала по претресите што косовската полиција ги спроведе на 15 мај во нивните домови во Косово.
Косовското Обвинителство наведува дека истрагата се спроведува врз основа на законот, имајќи го предвид значењето на зачувувањето на јавниот ред и безбедност, како и спречување на какви било кривични дела.
Во соопштениетот исто така се нагласува дека Обвинителството не може да објави други информации во интерес на истрагата, но на јавноста и гарантира дека базирајќи се на надлежностите и законските обврски ќе ги преземе сите неопходни мерки за спречување на секакви незаконски активности
