„Повикувам на здружена опозиција“: Мицкоски се фокусира на победа на Данела и ново парламентарно мнозинство

од Берта Китинска

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на здружена опозиција во вториот изборен круг.

Опозициските гласови и нивната заедничка цел – промена на власта и нова иднина за Македонија. Затоа повикувам на здружена опозиција, заеднички до целта за подобра и нова иднина. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од заедничката цел да ја собориме оваа власт за Македонија да оди напред со сите луѓе“ изјави Мицкоски.

Тој на новинарските прашања одговори дека во вториот изборен круг ќе ги подржат кандидатите за градоначалници кои биле дел од коалицијата „За обнова на Македонија“, а настапија различно од коалицијата.

„Таков е случајот во општината Центар Жупа, таков е случајот во општина Карпош и во другите места. Тука немаме дилема дека застануваме и ги поддржуваме кандидатите за градоначалници. Онаму каде што имаме кандидати за градоначалници во втор круг од коалицијата Алтернатива и Алијанса исто немаме дилема и застануваме комплетно зад тие градоначалници како што е кандидатот за општина Чаир во Скопје, и во други места како Дебар и Гостивар. За останатите раководството на партијата се уште нема заземено став, очекуваме во текот на денешниот ден или утре да имаме појасна позиција“, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е блиску да формира мнозинство во Советот на Град Скопје.

„Многу блиску сме да формираме мнозинство во советот на градот Скопје. Фокусот ние да победи Данела во Скопје, а потоа природно ќе се наметне и темата за ново парламентарно мнозинство. Немаме дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник, а како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство“, изјави Мицкоски.

Слични содржини