Повисок ризик од аутизам имаат деца на повозрасни татковци

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Децата на постари татковци се посклони кон аутизам, психички растројства и лошо претставување во училиште, предупредуваат научниците.px218015

Според британското истражување, ризикот од аутизам е повисок кај децата чии татковци се на возраст над 45 години, за разлика од оние на кои татковците се на возраст меѓу 20 и 30 година. Склоноста кон биполарно растројство има врска со годините на татковците, се наведува во извештајот на “JAMA Psichiatry journal”.

Научниците предупредуваат дека годините, на кои еден маж ќе одлучи да стане татко имаат големо влијание врз здравствените и социјални проблеми на нивните деца. Врската помеѓу татковата возраст и дијагноза поставена на децата се крие во генетските грешки во производството на сперма.

“Конкретните здруженија со возраста на татковците се многу поголеми отколку во претходните студии. Напредокот на возраста е поврзан со голем број на проблеми и зголемувањето на брзината со која се случуваат овие проблеми”, коментира истражувач Брајан Донфорио.

Претходните студии покажуваат дека е поверојатно татковци на возраст од 50 години и повеќе да имаат деца со дијагноза аутизам.