Повлечен предлогот, Јовески нема да биде уставен судија

од Nikola Popovski
432 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека владеачката СДСМ ја повлекла кандидатурата на Љубомир Јовески за уставен судија. Според пратеничката Дафина Стојановска, по 2,5 години и 25 продолженија на матичната Комисија во Собранието, „СДСМ се откажала од Јовески“.

Таа обвини дека „Јовески повеќе не им е потребен на владеачката партија бидејќи ја исполнил задачата за која бил поставен“.

Според Стојановска, доаѓа време на ревизии и преиспитување на многу одлуки и како што вели, одговорност ќе има и за оние што правеле криминали и за оние што требале да ги спречат истите, но ги штителе.

Денешната расправа беше 25 продолжение на 13.седница на Комисијата на која се одвиваше дебата за кандидатот за уставен судија, кој во меѓувреме се пензионираше и веќе не е јавен обвинител.

Поранешниот државен јавен обвинител на крајот на 2023 година го заврши својот шестгодишен мандат. Според Законот за Јавното обвинителство, за јавен обвинител на Република Северна Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Јовески беше предвиден да биде еден од деветте судии кои го чинат Уставниот суд, откако им истече мандатите на неколкумина.

Слични содржини