Повлечена наредбата за евакуација на околу 200 илјади лица поради браната во Калифорнија

од Vladimir Zorba
98 прегледи

 

Властите ја укинаа вчера наредбата за евакуација на околу 200 илјади лица, кои живеат во подножјето на вештачкото езеро до гратчето Оровил, откако беше утврдено дека ризикот од уривање на напукнатата брана значително е намален.

Евакуираните жители веќе можат да се вратат во своите домови, изјави на прес-конференција шерифот на округот Бут, Кори Ханиа.

Претставници на службата за управување со водите изјавија дека пренасочиле доволно вода од езерото и оти продолжува работата за поправка на браната.

Шерифот додаде дека луѓето треба да бидат подготвени за нова евакуација, доколку ситуацијата се промени.