Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите во автобуската несреќа

од Берта Китинска
305 прегледи

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите во сообрќајната несреќа која се случи на автопатот Струма во Бугарија.

Поворката тргна од Скопскиот аеродром каде последна почит на загинатите со положување венци им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

На испраќањето присуствуваа и пратеници, како и претставници на верските заедници.Воедно последна почит оддадоа и претседателката на Косово Вјоса Османи и претседателката на албанското Собрание Линдита Никола.

Граѓаните денеска оддадоа  почит,на жртвите во автобуската несреќа која се случи во Бугарија на плоштадот Скендербег.

-Дојдовме овде да им изразиме сочувство на сите фамилии кои ги изгубија своите чеда  во тешката сообраќајна несреќа.Не знам што да кажам, немам зборови за нивните фамилии за чедата кои ги загубија, не познавав никого но дојдов да оддадам почит,  нема тука вера ние сме еден народ и треба заедно да живееме, вели Славица Велковска која присуствуваше на плоштадот Скендербег во Скопје каде има поставени венци.

Слични содржини