Меган и Хари во автомобил, еве кој чекореше зад ковчегот на кралицата во поворката

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Маркл и принцот Хари вчера им се придружија на членовите на кралското семејство во Бакингемската палата за да го пречекаат ковчегот со посмртните останки на покојната кралица Елизабета.

Војвотката и војводата од Сасекс беа фотографирани при нивното пристигнување, седејќи на задното седиште во автомобил.

Освен нив, во палатата биле и кралот Чарлс III и другите членови на потесното кралско семејство.

Инаку, според правилата и протоколот, зад посмртните останки на кралицата можат да чекорат само најблиските членови на нејзиното семејство, а тоа во случајов се нејзините деца – кралот Чарлс, принцовите Ендру и Едвард и принцезата Ана. Сите други членови на семејството во поворката се возеле во автомобил.

Маси луѓе во меѓувреме се собраа пред Бакингемската палата, местото на многу незаборавни прослави за време на владеењето на кралицата – од свадбени прослави до јубилеи.

Слични содржини