Повозрасен скопјанец фотографил малолетничка во автобус и се допирал по гениталиите

од Nikola Popovski
216 прегледи

Фотографија на маж за кој се вели дека во автобус вчеравечер фотографирал малолетничка и се допирал по гениталиите, кружи на социјалните мрежи.

Целата драма со лицето кое мајката го нарекува педофил, се одвивала во близина на трговскиот Лептокарија во Карош 3. Девојчето кое било допирано од старецот, но и фотографирано имало 13 години.

-Таа ми јави вознемирено за да ми каже. И реков слободно и таа да го слика(алал да и е, одлично го сликнала) и да му каже да ги избрише сликите. Тој рекол дека ја слика затоа што била убава. Се фаќал за гениталии, се масирал… приметиле и другите во автобусот почнале да реагираат. Веднаш,тој се симнал на истата станица со неа. За 3 минути на истата станица стигнав и јас за да ја земам ќерка ми, тој беше сеуште тамо. Му застанав на пат, му реков да ги избрише сликите, неочекувано му дојде…ми рече дека ги избришал и ништо страшно, сликал и други деца (за божем да ми дојде утешно). Сфати дека вртам на полицијата за да го пријавам и избега кон Лептокарија. Ете го ликот , убаво е да го знаете …заради превентива, стои во објавата на мајката на Фејсбук.

Од МВР за велат дека случајот е пријавен кај нив.

-М.М.А.(42) од Скопје пријавила дека на 11.10.2023 околу 19.10 часот, додека нејзината малолетна ќерка се возела во градски автобус бр.24 од Градежен факултет кон ТЦ Лептокарија, едно лице ја фотографирало и се допирало по гениталиите, соопштија од полицијата.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини