Повозрасен стружанец се сомничи за усмртувањето на кучињата скитници

од Nikola Popovski
171 прегледи

Полицијата информира дека повозрасен стружанец бил повикан во полициска станица за вчерашниот немил настан во Струга при што беа застрелани повеќе кучиња.

-На 10.01.2023 во 17.15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга бил извршен службен разговор со М.З.(62) од с.Ливада, струшко. Тој се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него била одземена ловечка пушка сачмарка калибар 16 мм. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 233 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ вчера објави видео со вознемирувачка содржина од, како што соопштија, масовно убиство на кучиња во Струга.

– Полициските службеници при увид одбиле да повикаат јавен обвинител и одбиле да ги пратат лешевите на обдукција бидејќи била СКАПА. При обдукцијата во ветеринарна станица во Битола СВР Битола одбиле да го превземат доказниот материјал – куршумите бидејќи не било нивна работа. Како МВР планира да открие кои се каубојците во Струга кои искористиле цел арсенал муниција од кои 7 куршуми во едно куче?, обвинија денеска од Здружението во отвореното писмо до министерот Оливер Спасовски.

Слични содржини