Повозрасна скопјанка тешко повредена во автобус на ЈСП

од Nikola Popovski
128 прегледи

Повозрасна скопјанка е тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП, извести МВР.

-На 14.03.2023 во 14:50 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Трета македонска бригaда“, М.Г.(71) од Скопје паднала во автобус на ЈСП, управуван од Д.В.(56) од Скопје, во кој како патничка се превезувала. Таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, посочуваат од полицијата.

Извршен бил увид од надлежен тим од СВР Скопје.

Слични содржини