Повозрасна жена пренесена во болница по пад во автобус на ЈСП

од Nikola Popovski
251 прегледи

69-годишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди при симнување од автобус на ЈСП.

На 05.05.2023 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“, Т.А.(69) од Скопје, при симнување од градски автобус била фатена од вратата по што паднала.

Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини