Повреден пожарникар при гасењето на пожарот на дивата депонија кај Визбегово

од Nikola Popovski
33 прегледи

Еден пожарникар утрово е повреден при гаснењето на пожарот во дивата депонија кај Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации. Нема зафатено куќи.

Министерството за внатрешни работи потврди дека едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош.

„Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. За време на интервенцијата еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита е повреден и пренесен за укажување на лекарска помош“, стои во информацијата од МВР.

Според видеата што се шират на социјалните мрежи може да се види дека од пожарот се шири голем црн чад.

Слични содржини