Повредени 13 лица, 15 сообраќајки вчера во Скопје

од Vladimir Zorba
98 прегледи

   Тринаесет лица биле повредени во осум од вкупно 15 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во седум незгоди била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деветнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, како и тројца возачи за неправилно престројување. Од сообраќај биле исклучени тројца возачи кои возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и пет нерегистрирани возила. Санкционирани биле и 10 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 88 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 95 возила.

Одделението за превенција ќе одржи и посебна воспитна мерка сообраќајна поука на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.