Повредени патници, автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во рампа

од Берта Китинска
211 прегледи

МВР информира дека вчера во 13.00 часот било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Скопје, И.М.(42) од с.Чифлик, скопско, управувајќи автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рампа.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничката С.Б.(43), а со телесни повреди се здобила патничката М.А.(32), двете од с.Долно Соње, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.