Повторно е цел на критики: Хејли Бибер на венчавка во фустан кој ги разбесни фановите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
448 прегледи

Хејли Бибер неодамна со својот сопруг Џастин Бибер присуствуваше на венчавка на нејзина пријателка.

Иако е позната како една од најстилските ѕвезди во Холивуд, Хејли овој пат со својот избор предизвика вистинска бура на социјалните мрежи и започна бројни контроверзии.

Имено, таа за оваа прилика се одлучи за долг, бел фустан со отворен грб и долги ракави. Хејли објави слики од овој аутфит на својот Инстаграм профил, по што почнаа да се слеваат не толку позитивни коментари, а целата дискусија потоа беше префрлена на Твитер.

Она што ги поттикна коментарите е бојата на фустанот на Хејли. Според некои правила и бонтон, на венчавки не е соодветно да се појавиш во бело, бидејќи тоа е бојата по која треба да се препознае невестата.

„Дали сум само јас или овој фустан е прилично бел?“, „Да се ​​носи оваа боја на туѓа свадба е непочитување кон невестата“, „Нема потреба од ова на туѓа свадба“, „Зошто би облекла вакво нешто?“, се дел од коментарите.

Слични содржини