Повторно еруптираше еден од најактивните вулкани во светот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа, на Хаваите, повторно еруптираше, објави Американскиот геолошки институт (USGS).

Хавајската вулканска опсерваторија (HVO) забележа сјај на врвот на Килауеа околу 16:34 часот по локално време во четвртокот.

„Ерупцијата на врвот на Килауеа продолжува и е ограничена на кратерот Халемаумау во националниот парк вулкани на Хаваи“, се вели во соопштението.

Кон крајот на септември, вулканот Килауеа еруптираше на својот врв, исфрлајќи дебели облаци и создавајќи огнени фонтани високи до 30 метри и поплавувајќи го дното на кратерот Халемаумау.

Вулканот често еруптира од 1983 година.

Слични содржини