Повторно избувнаа протести на улиците на Атина, полицаец тешко повреден (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
585 прегледи

Грчки полицаец беше тешко повреден вечерва за време на судир во Атина со демонстрантите, кои излегоа на улиците во знак на протест против полициското насилство.

Судирот се случил во атинската населба Неа Смирна, а полицаецот бил погоден во вратот со факел или камен, поради што неговите колеги формирале круг околу него за да го заштитат додека не пристигне брзата помош и го однеле во болница , објави весникот „Катимерини“.

Според државната телевизија ЕРТ, напаѓачи со качулка фрлале молотови коктели кон полицијата, која одговорила со солзавец.

Полицијата пронашла ранец полн со коктели и факели.

Неколку паркирани автомобили беа оштетени, а контејнери што горат може да се видат на социјалните мрежи.

Претходно, околу 5.000 луѓе се собраа на главниот плоштад во областа Неа Смирна, каде викендов започна пресметка со полицијата.

Слични содржини