Повторно ќе му се суди на Латас за предметот „Тревник“

од Берта Китинска
240 прегледи

Скопска Апелација ја укина ослободителната пресуда за случајот „Тревник“ на СЈО против новинарот и уредник Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.

Oслободителната пресуда наводно е укината поради суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба. Предметот е вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд во Скопје

„Тревник“ е еден од двата предмети на СЈО во кои е опфатен Латас. Другиот е „Топлик“ и тој се однесува на даночно затајување, но за него сè уште нема пресуда.

Слични содржини