Министерството за внатрешни работи утрово добило дојава за бомби во две средни училишта на територијата на Скопје. Од МВР официјално за случајот велат дека на 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа.
-Веднаш биле преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, порачаа од полицијата.
На почетокот на февруари, дојави за бомби утрово ја прекинаа наставата во основни училишта во Скопје, Кочани, Штип и Тетово. Подоцна беше утврдено дека сите се лажни.
Во октомври 2022 година речиси цел месец наставата во скопските средни училишта се одвиваше со прекини поради лажни дојави за бомби.