Повторно ли е СДСМ крив што не ги сервисирале ер-тракторите и хеликоптерите на време, прашуваат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
142 прегледи

СДСМ ја критикува моменталната ситуација и можностите со гаснењето на пожарите во земјава. Од најголемата опозициска партија велат дека е голема среќа што заврна дожд и што се изгаснаа пожарите.

Од партијата остро ја осудуваат оваа катастрофална ситуација која, според нив, „е резултат на негрижата и неспособност на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

СДСМ замерува што во моментов во функција е само еден од „ер-тракторите“ на ДЗС.

„Повторно ли е СДСМ крив што не ги сервисирале ер-тракторите и хеликоптерите на време? Ова не е случаен пропуст, туку јасен показател за односот кон кризата со пожарите на ВМРО-ДПМНЕ. Изгореа преку 8% од територијата на државата а ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на лаги, манипулации и политикантство наместо сериозно да се бори со кризата и да работи“ соопштија од попозициската партија.

Ова следува откако вчера беше обелоденето дека за другиот авион на ДЗС ќе се знае до денес во каква состојба е и дали ќе може да лета.

Пред три дена биле повикани механичари од Шпанија и ги поправиле авионите, но следниот ден се појавил истиот проблем.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов истакна дека во моментов нема потреба од дополнителни летала.

Слични содржини