Повторно отворен ГП „Богородица“

од Nikola Popovski
64 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин „Богородица“, кој денеска беше привремено затворен поради пожар кој избувна на грчка страна.

Во моментов граничниот премин функционира нормално.

Претходно, полицијата ги пренасочуваше возилата кон граничниот премин „Дојран“.

Туристите кои заминуваа кон Грција објавуваа фотографии и видеа од пожарот на Фејсбук-страницата „Grcka info“, со информација дека преминот „Евзони“ е затворен.

Слични содржини