50
Делови од земјава утрово почувствувале земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтер. Како што објави, Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, потресот е регистриран во 1 часот и 36 минути по локално време, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Нема информации за предизвикана материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден исто така беше почувствуван земјотрес во Македонија, но епицентарот беше во Косово. Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри југозападно од Призрен. Потресот беше регистриран во 01:46 часот по локално време.
Според ЕМСЦ, земјотресот беше почувствуван во севернозападните делови од Македонија во околината на Скопје, Гостивар и Тетово.