Повторно се огласи Даниела Штајнфелд (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Даниела Штајнфелд, која го обвини актерот Бранислав Лечиќ дека ја силувал, повторно се огласи.

Да потсетиме, таа денес ѝ пружи поддршка на поранешната актерка Мерима Исаковиќ, која денес за првпат јавно откри дека Лечиќ, како што тврди таа, ја напастувал.

Штајнфелд сега повторно се огласи, велејќи дека, од отворањето на овој случај, во нејзиниот „инбокс“ пристигнале многу пораки од девојки кои поминале низ иста или слична ситуација.

„Во изминатите неколку дена, добив пораки од многумина кои преживеале слично. Овие се само некои од нив. Жал ми е што моравте да го поминете ова. Ви благодарам за вашата доверба и поддршка. Ние не сме сами и ќе кажеме кога ќе бидеме подготвени“, напиша Даниела приложувајќи ги пораките кои ѝ пристигнале во форма на фотографии.

Слични содржини