58
Земјотрес вечерва го застресе тлото на Македонија, особено беровскиот регион и источниот дел од државата.
Потресот бил со јачина од 3.3 степени според Рихтер, а епицентарот според Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција (ЕМСЦ), бил на 12 километри северно од Берово.
Земјотресот бил почувствуван и во соседна Бугарија. Потресот бил на длабочина од 12 км.
Нема информации за евентуална материјална штета.
Минатата недела два земјотреси ја погодија Македонија.