Повторно се уриваа згради од новиот земјотрес во Турција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Новиот земјотрес на границата меѓу Турција и Сирија вечерва предизвика повторно уривање на згради. Се уште не е познато за кое место се работи.

На снимката се гледа како зградата се урива од силниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а се слушаат врисоци на преплашени луѓе.

Да потсетиме, епицентарот на земјотресот што денеска ја погоди пограничната област беше на 14 километри југозападно од Антакија, на длабочина од 10 километри, јави ЕМСЦ.