Повторно тензии во Будва: И старата и „новата“ власт влегле во општината, присуствувала и полицијата (видео)

од Nikola Popovski
251 прегледи

Претседателот на Општина Будва, Марко Царевиќ, влегол во зградата на Општина Будва. Тој е во канцеларијата заедно со Владимир Булатовиќ и Снежана Куч, кои беа прогласени за нови вршители на должноста претседател, од новото мнозинство во локалниот парламент. Зградата на Општината е во хаос, има насекаде отпад, а вработените полека влегуваат.

Царевиќ избегнал да се ракува со Булатовиќ, а во кабинетот се и шефот Никола Јовановиќ, секретарот за инвестиции Младен Микијељ, пренесува црногорски „Вијести“.

Претседателот на Општинското собрание на Будва, Крсто Радовиќ, исто така пристигнал во својата канцеларија со своите соработници. Тој изјавил дека општината е ослободена, по што заминал на состанокот.

https://www.facebook.com/demokratskacrnagora/videos/3049255678497528/

Пред влезот на Царевиќ и Радовиќ, избувналњ тензии пред зградата на Општината, бидејќи Булатовиќ излегол пред зградата на Општината на покана на Мијомир Пејовиќ. Потоа приватното обезбедување го нападнало членот на Демократскиот фронт, Ѓорѓи Вујовиќ.

Откако Вујовиќ и Пејовиќ биле избркани од зградата од страна на обезбедувањето, граѓаните се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, но после провокациите, советниците ја смиријле толпата.

Да потсетиме, ситуацијата беше многу напната вчера во Будва. Полицијата се обиде да обезбеди „новата влада“ да го преземе Општинското собрание на Будва, а во таа прилика беа уапсени 21 лице, меѓу кои и градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ и претседателот на Општината, Крсто Радовиќ.

Инцидентите започнаа изутрината, откако локалните власти одбија да дозволат Управниот инспекциски надзор да го спроведе решението, кој побарал на Булатовиќ и Куч да им се дозволи да го користат просторот, односно да почнат да работат.

https://www.facebook.com/demokratskacrnagora/videos/549209739082231/