Повторно тепачки пред кафеани и ресторани, натепани и келнери

од desk2
123 прегледи

Повеќе лица се повредени како резултат на тепачки кои се случило во и пред угостителски објекти, кафеани и ресторани.

Имено, во вторникот, во 22:15 часот во СВР-Скопје С.Н.(27) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 21:40 часот на плоштад Македонија, во угостителски објект, каде истиот е вработен како келнер, бил физички нападнат од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, во 03:50 часот во СВР-Скопје С.Г. (20) од село Кучевиште-скопско, пријавил дека истиот ден околу 03:30 часот на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ пред ноќен клуб заедно со негов другар биле физички нападнати од страна на лицето С.Д.(25) од Скопје. Против напаѓачот е поднесен соодветен поднесок.

Во 19:30 часот во Полициската станица Карпош Н.Б.(18) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 01:30 часот, пред угостителски објект бил физички нападнат од страна на неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 13:20 часот во СВР-Тетово Х.Д.(29) од Тетово пријавил дека истиот ден околу 11:00 часот во угостителски објект бил физички нападнат од страна на Н.Р.(41) од село Стримница кој бил заедно со А.Р.(44). Се преземаат мерки за расчистување на слуачјот.

На 01.01.2019 година во 06:45 час во СВР-Куманово Ч.С.(42) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 04:30 часот на улицата “Гоце Делчев“ неговиот 17 годишен син, кој бил заедно со неговите другари, од страна на непознато лице бил удрен со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 07:30 часот во СВР-Скопје Ј.К.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03.00 часот додека се наоѓал во угостителски објект на плоштад Македонија заедно со негови другари во еден момент дошло до недоразбирање со менаџерот на угостителскиот објект околу подмирување на сметката. Надвор од објектот настанала расправија и во еден момент Д.А. (50) од Скопје, лице од обезбедувањето, извадил пиштол и им упатувал навреди. По целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во 03:30 часот во Полициската станица Виница Д.Ц.(25) од село Градец-Виница пријавил дека истиот ден околу 03:00 часот пред ресторан лоциран на улицата “Маршал Тито“ во Виница бил физички нападнат од страна на И.П. од Виница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2019 година во СВР Велес Х.К.(22) од Велес пријавил дека истиот ден околу 02:00 часот од страна на Ј.Л.(23) и Б.С.(35), вработени како обезбедување во дискотека лоцирана на улицата “Алексо Демниевски“, бил противправно лишен од слобода, при што бил однесен во магацинскиот простор кој се наоѓал во склоп на дискотеката, каде му упатиле закани и потоа го пуштиле да си оди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 16:20 часот во СВР-Скопје И.Г.(27) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 15:30 часот на улицата “Коце Металец“ во спортска обложувалница бил физички нападнат од А.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.