Повторно во филм: Лејди Гага во главна улога со Бред Пит

од Vladimir Zorba

Иако ниту поп-sвездата, ниту славниот актер се уште не го потврдиле тоа, американските медиуми наведуваат дека Лејди Гага ќе снима филм со Бред Пит, наречен „Bullet Train“, базиран на јапонска мистериозна приказна.

По големиот успех на филмот „A Star is Born“, во кој Лејди Гага ја имаше главната улога, наводно пристигнала друга филмска понуда за поп-sвездата.

Извор близок до продуцентите потврди дека Гага ја прифатила улогата. Снимањето ќе започне напролет следната година.

loading...

Слични содржини