221
Повторно закани за бомби во неколку средни училишта во Скопје, меѓу кои гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“и „Орце Николов“ и СУГС „Владо Тасевски“. Учениците и вработени се евакуираат, а наставата во првата смена најверојатно нема да продолжи.
Полицијата е излезена на терен.
Пред два дена, дојави за поставени бомба стигнаа на електронските адреси на Народната банка на РСМ и на девет средни училишта во Скопје.