Повторно закани за бомби во неколку средни училишта

од Nikola Popovski

Повторно закани за бомби во неколку средни училишта во Скопје, меѓу кои гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“и „Орце Николов“ и СУГС „Владо Тасевски“. Учениците и вработени се евакуираат, а наставата во првата смена најверојатно нема да продолжи.

Полицијата е излезена на терен.

Пред два дена, дојави за поставени бомба стигнаа на електронските адреси на Народната банка на РСМ и на девет средни училишта во Скопје.

Сите досегашни дојави беа утврдени како лажни после опсежната проверка на надлежните.

Слични содржини