Повторно закани за експлозивни направи во Скопје

од Nikola Popovski
158 прегледи

Трет ден по ред неделава има дојави за бомби на неколку локации во Скопје, информираат од МВР.

Денеска до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од полицијата.

Од 26-ти октомври лани, речиси секојдневно не престануваат дојавите за лажни бомби на територијата на Македонија. Почетокот на ваквите немили настани соодветствуваше со посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен која на тој датум пристигна во Скопје.

Анонимните пораки за поставени бомби најпрво почнаа да пристигнуваат до основните и средните училишта, а потоа и на адресите на трговски и деловни центри, државни институции, спортски објекти и сали и хотели.

Слични содржини