Повторно затворен ГП „Блаце“ поради разгорување на пожарот

од Nikola Popovski
11 прегледи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Се наведува дека МВР во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираат јавноста.