Голем пожар веќе два дена беснее во атарот на селото Церје, општина Пустец, Мала Преспа.
Пламените јазици уништија огромна површина дабова шума, кои се дел од нацоналнот парк „Преспа“.
-На жителите од оваа област кои настојуваат да го спречат ширењето на пожарот кон селото им помагаат и припадниците на граничната полиција. Локалните власт побарале помош од Кризниот штаб во луѓе и средства, наведува телевизјата.
Според истиот извор пожарот на албанска страна се префрлил од Грција, каде во екот на денов пожарот е изгаснат со канадери.
До сега пожарот уништил 40 хектари. Синоќа конечно била вклучена и противпожарната едница од Девол и Корча.