Пожар го стопира возот Прилеп-Битола

од Nikola Popovski

Регионалниот ЦУК Битола извести дека при пожарот во атарот с.Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места.

Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“.

По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17:42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа.

ЦУК примил известување од „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички (патнички и товарен) сообраќај се одвива нормално.

Слични содржини