Пожар избувна вечерва во галијата на Вардар кај хотел „Холидеј ин“, во центарот на Скопје. Во тек е интервенција на противпожарните служби за негово гаснење.
– Пожарот се гасне со едно возило и пет пожарникари и нема опасност за негово проширување, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.