Пожар и кај Психијатриската болница Бардовци

од desk2
34 прегледи

Пожар попладнево избувнал во скопската населба ГеГе и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци. Сепак, ситуацијата е под контрола, а пациентите и персоналот евакуирани, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Пожарот избувнал кај населбата и потоа се ширел кон селото Бардовци и кон болницата, при што зафатил дел од дворот обраснат со висока сува трева и дрвја.

Постоела опасност пожарот да се прошири во целиот комплекс на болницата, поради што е извршена евакуација на пациентите и персоналот, кои се безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.

Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка.

Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.

Слични содржини